Негрижата за вработените во јавниот сектор и за останатите учесници во изборниот процес е својствено за Владата на СДС, заканите, уцените и притисоците на работното место во институциите, кулминира со изложувањето на околу 35 000 вработени во јавниот сектор како “топовско месо” кои немаат избор и мора да се појават на избирачките места. Имено, административните службеници се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка (член 69 од ЗАС), а доколку одбијат учество во органите во кои се избрани за спроведување на изборна постапка (член 73 ст.1 ал.23 од ЗАС), сторуваат потешка повреда на службената должност односно дисциплински престап.
⚖️Од друга страна, Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавецот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.
⚖️Работодавецот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и (производствени) методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата (член 5 од ЗБЗР).Работникот е должен да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица.
⚖️Право и обврска на секој работник е да се грижи за сопствената безбедност и безбедноста на другите лица кои работат со него, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност на здравје при работа и да биде обучен за нивната примена, согласно со прописите за безбедност и здравје при работа.
⚖️Работникот има право да одбие извршување на работата доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување (член 32 од ЗРО).
?Доколку вонредната состојба оваа Влада на СДС ја користеше за справување со пандемијата, последиците од пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните, сите институции до денес ќе имаа протоколи за работа, утврдени ризици и ажурирани изјави за безбедност за сите работни места. За жал, нема ниту една институција која испланирала или превзела превентивни мерки за спречување или намалување на ризиците по безбедноста и здравјето при работа на сите нивоа на работа во институцијата.
?Секако “лудост” би било, кога некој функционер од СДС, во насока и со цел исполнување обврските од Закон, само да ги погледне условите во избирачките места каде неговите вработени ќе треба да ја исполнат својата обрска за спроведување на изборна постапка во време на пандемија.
?Заробени институции, хибриден режим, без одговорност и без грижа за животот и здравјето за своите вработени, партиски се согласуваат да го ризикуваат животот и здравјето на административните службеници, само да му удоволат на Зоран Заев за спас на неговата партиска кариера.
??Почитувани, како ресорен министер за вработените во јавниот сектор, апелирам до одговорните лица во институциите, доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа. Здравјето на сите граѓани, здравјето на сите вработени е пред се.
?Имаме одговорност да ги почитуваме законите да го заштитиме здравјето на сите зошто само така сигурна сум ќе извоиме победа прво над Ковид-19 а потоа и над овој хибриден режим.
Фејсбук статус на дополнителната заменик министерка во МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски