четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Злоупотребите на работници за време на изборен процес се надградени

Стаменковска: Злоупотребите на работници за време на изборен процес се надградени

Вработувањата кои се спроведуваа во изминатиот период останаа непроверени, а со самото тоа и несанкционирани, посебно вработувањата преку Агенции за привремени вработувања кои спротивно на закон и без реална потреба и основ, отстапуваа работници на институции за време на изборен процес, a за кое побарав преку соопштенија уште на 12, 25 и 26 март 2020 година, и со претставки до ДКСК, да се отвори постапка за моите наводи за злоупотреби и назаконско вработување и доколку се потврди, соодветно да се санкционира, реагира денеска дополнителната заменичка-министерка за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски, во врска со активностите на директори од СДСМ на државните и локални институции во Македонски Брод во работно време за партиски потреби.

-Злоупотребите денес се надградени и секој ден гледаме како кандидати за пратеници од СДСM, најголемиот дел од својата кампања ја поминуваат во посети на државни и јавни институции, а притоа се користи целата логистика и се злоупотребуваат институциите за партиски цели, наведува таа на својот Фејсбук профил.

Прашува дали ДКСК ќе укаже, постапи и ќе покрене било каква постапка за несовесните функционери и злоупотребите на службени простории, вработени и службени тајни за партиски цели во време на кампања.

-Одговорност ќе има, а народот на 15 јули ќе ги ослободи заробените институции од режимот на СДСM и Зоран Заев, пишува таа на Фејсбук.

Наместо во служба на граѓаните, функционерите на СДСМ во служба на Зоран Заев‼️

☢️Вработувањата кои се спроведуваа во…

Posted by Невенка Стаменковска Стојковски on Tuesday, July 7, 2020

Најнови вести