Одлуката на Антикорупциска комисија со која се констатира судир на интереси за доктор Калина Гривчева – Старедлова која е и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и претседател на Лекарската комора датира од 22 ноември 2019 година.
Во истата, пак, е наведено дека откако ќе биде доставена во рок од 15 дена Старделова треба да достави доказ до Антикорупциска дека се откажала од една од функциите. Изминува трет месец, а Старделова ги врши двете функции и директор и претседател на Лекарска комора.
Притоа нема никаква реакција од надлежните за неизвршување на Одлуката на Антикорупциска. И Анткорупциска молчи што нејзината одлука не е извршена.
Именао според член 78 од Законот за спречување на корупција „органот до кој е доставена иницијативата за покренување дисциплинска постапка, односно постапка за разрешување, е должен по истата да донесе одлука најдоцна во рок од 60 дена од денот на доставување на иницијативата“. Подносителот на Иницијативата за Старделова до Антикорупциска, доктор Идриз Орана на 11 февруари поднесе повторно допис.
Тој ја потсетува Антикорупциска за да ја потсети дека треба да се постапува по Одлуката од 22 ноември минатата година.
Во оваа Одлука се констатира дека Старделова во рок од 15 дена откако ќе ја добие Одлуката треба да се откаже од една од функциите, или директор на Клиниката за гастро или претседател на Лекарска комора и за истото да достави доказ до Антикорупциска.
Но, Стаределова се уште гу врши двете функции.