недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари најдени во багажот на македонски државјанин кој патувал за САД

Стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари најдени во багажот на македонски државјанин кој патувал за САД

На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД.

Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

Најнови вести