четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Старо-нови имиња во трката за градоначалници: Ова се дел од нив

Старо-нови имиња во трката за градоначалници: Ова се дел од нив

Интерни анкети, трибини низ градовите, мерење на пулсот на граѓаните… На три месеци пред изборите, партиите веќе ги кројат листите за градоначалници и советници.

Како што откриваат извори од партиите, власта е понапред во изборот. Таму веќе селекцијата на партиски кандидати е при крај, а јавно беше објавен и првиот кандидат на СДСМ за градоначланик.

Сител“ дојде до имињата на СДСМ и за неколку скопски општини.

На политичката сцена на локалните избори ќе се врати Емилијан Станковиќ, поранешен пратеник и портпарол на СДСМ. Тој влегува во трката за градоначалник на Центар и тоа заедно со актулениот Саша Богдановиќ и директорката на Инфективната клиника Милена Стефановиќ.

Во Аеродром битката за татко на општината ја водат актуелниот Златко Марин, а конкуренција му е и поранешниот пратеник Александар Филиповски.

Во Карпош конкурираат актуелниот Стефан Богоев и директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

За Прилеп најсериозни кандидати од СДСМ се Горан Сугаревски, кој ја напушти директорската функција во Царина и актуелниот градоначланик Илија Јовановски.

Во Битола засега се тројца потенцијални кандидати, актуелната градоначалничка Наташа Петровска, потоа диркторот на ЕЛЕМ Васко Ковачевски и партискиот активист Христо Кондовски.

Кандидати за градоначаници во Крива Паланка се актуелниот градоначланик Борјанчо Мицевски и Сашко Митровски, секретар на општинската организаицја на СДСМ во овој град.

„Во посебна група СДСМ ги има ставено општините Струмица, Куманово, Карпош и Центар кои веројатно ќе бидат одлучувани во последната фаза, директно од лидерот Заев“, велат изворите.

Се брифираат и дел од имињата и кај ДУИ – во Гостивар Невзат Бејта, Во Тетово Теута Арифи. Најголемата битка кај интегративците е во Чаир- меѓу крилото на Изет Меџити и Артан Груби, а резибор бара и Висар Ганиу. Неизвесно е дали во Струга уште еден мандат ќе бара Мерко. Но, официјално од ДУИ велат нека конечни одлуки.

Иако нема конечна одлука БЕСА веројатно ќе оди со свои кандидати и тоа во Гостивар – пратеникот Фадил Зендели, во Тетово лидерот Касами, во Чаир – Кастриот Реџепи.

Во опозциската ВМРО-ДПМНЕ се уште без информации за имињата.

Кај Алијанса на Албанците пак, засега е извесно името на Арбен Таравари за нов мандат во Гостивар.

Најнови вести