среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Статистика: Вељаноски претседател со најдолг стаж, повеќе и од Колeмишевски

Статистика: Вељаноски претседател со најдолг стаж, повеќе и од Колeмишевски
На 4 август, во согласност со Уставот и Деловникот, започна конститутивната седница на 10. состав на македонското собрание, со што повторно се актуелизира прашањето за перформансите на законодавниот дом.
Професорот на Правниот факултет, Александар Спасеновски кој заедно со професорките Гордана Силјановска, Тања Каракамишева е автор на учебникот по Парламентарно право кој беше издаден во 2019 година со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, на својот Фејсбук профил споделува повеќе важни информации за Собранието на Република Македонија:
1. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО. Во периодот од 1944 до 2020 година, 22 личности ја извршувале функцијата Претседател на Собранието, при што личност со најдолг мандат е Трајко Вељаноски кој ја извршувал оваа функција 8 години, 6 месеци и 9 дена, втор е Лазар Колишевски (8 години, 6 месеци и 7 дена), додека трет е Благоја Талески (7 години, 11 месеци и 22 дена).
2. ПОЛОВА СТРУКТУРА. Просечно, од 2002 до 2016, во секој од собраниските состави, имало по 73% мажи, односно 27% жени.
3. ЕТНИЧКА СТРУКТУРА. Просечно, од 2002 до 2016, во секој од собраниските состави имало по 70% Македонци, 22% Албанци, 2% Турци, 2% Роми, 2% Срби, 1% Власи и 1% Бошњаци.
4. БРОЈ НА ПАРТИИ ЗАСТАПЕНИ ВО СОБРАНИЕТО: Од 1990 до 2016, во осумте парламентарни состави, во Собранието, просечно имало пратеници од 16 политички партии;
5. БРОЈ НА НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ: Од 1990 до 2016, во осумте парламентарни состави, во Собранието, просечно имало по 3 независни пратеници;
6. БРОЈ НА ОДРЖАНИ СЕДНИЦИ: Од 2002 до 2016, секој од парламентарните состави просечно одржувал 122 пленарни седници;
7. БРОЈ НА ТОЧКИ НА ДНЕВЕН РЕД: Од 2002 до 2016, секој од парламентарните состави, просечно имал по 334 точки на дневен ред;
8. БРОЈ НА УСВОЕНИ ЗАКОНИ: Од 2002 до 2016, секој од парламентарните состави, просечно усвојувал по 783 закони.
За сé друго поврзано со работата на парламентите, учебникот по Парламентарно право е достапен на следниот линк.

Најнови вести