петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Став на просветниот инспектор Илиевски: Детските права, нивен правилен раст и развој

Став на просветниот инспектор Илиевски: Детските права, нивен правилен раст и развој

Со задоцнувањето на учебната година, може да се констатира дека македонскиот образовен систем не успева да одговори на предизвиците што ги донесе пандемијата од корона вирусот.

Имено, оправдани се реакциите на учениците со реализирањето на наставата преку далечинско учење,истотака и реакциите на наставниците со реализирањето на таа настава, со паѓање на интернетот,како и немање сопствени комјутери или лаптопи, па се снаоѓаат како знаат и умеат. Иако за сето тоа знаат директорите, како што велат наставниците, тие се принудени да молчат и несмеат да проговорат, бидејќи ке им забележеле градоначалниците, како и тоа дека отворено добивале забелешки од страна на министерот за образование и наука. Им се претело со губење на директорското место.

Дека состојбата во македонскиот образовен систем не е во состојба да одговори на предизвиците од пандемијата, најдобар доказ за тоа што во недоглед се пролонгира организирањето на продолжен престој за учениците што посетуваат настава со физичко присуство. Иако Владата уште од 29 септември одобри продолжен престој, ретки се училиштата во кои се згрижуваат деца по часовите. Поради ваквата какофонија (лудорија) голем број родители се доведени во незавидна состојба. Како што велат родителите, тие се принудени да вложуваат натчовечки напори да им посветат внимание на своите деца и истовремено да ги исполнат работните обврски.

За ова Министерството за образование и наука(МОН) се оградува од овој проблем и одговорноста ја префрла на локалната самоуправа. Зошто нема продолжен престој самото ова го отсликува хаосот што владее во образованието. Имено, дел од нив се подготвуваат, некои потенцираат дека немаат услови за продолжен престој, а некои чекаат инструкции од извршната власт.

Од реакциите на родителите, ќе издвојам само еден пример:

Самохрана мајка од Куманово која има три деца на возраст од 8, 6 и 4 години. Работи во приватен сектор, целото семејство зависи од нејзината плата, а децата мора да ги разнесува по градот во различни термини „ Станувам во 5,30 часот наутро. Ги подготвувам сите за излегување, подготвувам ужинки за двајцата ученици. Најмалото дете го оставам во градинка во 6.45, па го носам другото кое почнува во училиште во 7.30 часот и најдоцна до 10 или 10.30 часот.

Најголемото почнува во 10 часот, ама на друг крај на градот. И јас се прашувам како стигнувам. Работам само утринска смена и се извинувам, и се извинувам постојано, по сто пати на ден. Не знам до кога ќе ме трпат газдите, вели родителката…“. Вакви и слични примери има и други.

Од МОН незнаат да одговорат, топката ја префрлаат кон локалната самоуправа и до училиштата. Иста е состојбата и во други градови.

Да ги потсетам овие министеркиве од образование и наука и од труд и социјална политика (имињата не им ги знам). Не е само да штракате како празни воденици без суштинска содржина. Ако не знаете, а не знаете, обврска е ваша и на вашите советници ако ги имате дека Конвенцијата за правата на детето како меѓународен документ ја задолжува нашата држава Македонија, како потписник да ја почитува и вградува во постојната легислатива, а пред се: Уставот, Законот за заштита на децата, Законот за семејство, Законот за основно и средно образование и слично.Да ви објаснам штракаталки затоа што не знаете, вредностите, правата и должностите, во однос на заштитата на правата на детето се дефинирани во Уставот на Македонија, кој ги одразува извонредните напори од страна на законодавците да ги вклучат општите права и потреби од заштита на семејството и децата. Според одредбите од Уставот на Македонија е социјална држава и како таква има законска обврска да обезбеди социјална грижа и заштита особено за социјално исклучените групи. Исто така, според одредбите „ семејството во нужда, мајките и децата, децата без родителска грижа имаат право на социјална грижа и заштита од страна на државата“. Ова беше од Уставот, за законите министерки седнете прочитај те, вие и вашите советници. А не само да штракате-без содржина.

Во ова прилика реагирам до Уницеф во Македонија кои ги третираат детските права да се отрезнат од дебелите фотељи и да се одважат и ги согледаат реалните состојби и потреби на децата и родителите. Овде ги повикувам и невладиниот сектор Меѓаши-Првата детска амбасада во Македонија, кои ги третираат прашања од областа на детските права да се одважат и да го кренат својот глас за ваквата дискриминација која постои во Македонија, а согласно Уставот на Македонија е социјална и хуманистичко општество. Ама по се изгледа само декларативно.

Ова е уште еден доказ дека нашите институции немаат стратегија задетските права, нивен правилен раст и развој.

Пишува:
Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор

Најнови вести