Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2 во Берово под власт на СДС, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имотот од 7.500 м2, до езеро е купен лани, на 7ми октомври, на само 10 дена пред локалните избори. Имотот е сопственост на мајката на Стефан Богоев, и е со намена за хотелски комплекс. Сето ова се случува во Берово, каде локална власт е СДС, партија во која Богоев е потпретседател. Инвестицискиот циклус се случува една година откако Богоев не е веќе градоначалник, односно по 4 годишен мандат во општина Карпош. Со кои пари семејството Богоев ќе го гради хотелскиот комплекс на Беровско езеро и дали истите се легално стекнати? Дали Богоев ја користи позицијата за да го шири бизнисот?, прашуваат од партијата.