четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефанова: Не е точно дека сум уапсена!

Стефанова: Не е точно дека сум уапсена!

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, за Фокус ја демантира информацијата дека е уапсена. Оваа информација утринава се појави на социјалните мрежи, но и во неколку медиуми.

Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отвори истрагата за случајот „Рекет“, дел од медиумите постојано го споменуваат нејзиното име, но обвинителката воопшто не е осомничена.

-Најостро ја демантирам информацијата дека сум била уапсена. За секоја идна шпекулација ќе превземам соодветни законски мерки, изјави обвинителката Стефанова за „Фокус“.

Најнови вести