недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија до Локвенец: Вашите предлог закони имаат друга намена која не е за доброто на граѓаните

Стевананџија до Локвенец: Вашите предлог закони имаат друга намена која не е за доброто на граѓаните

На денешната седница во Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот Димитар Стевананџија од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ кој му посочи на пратеникот Локвенец дека нивниот предлог закон за изменување и дополнување за законот за концесии и јавно приватно партнерство има друга намена и не е за доброто на граѓаните.

„Се сомневаме врз основа на праксата, секогаш кога четири или пет пратеници како во овој случај еден од ДУИ и 4-ца од СДСМ предлагале на своја рака „законско решение“ станувало збор за нешто сомнително. Да ве потсетам Законот за превод на учебници, Закон за избор на заменици директори во јавните претпријатија и уште многу закони зад кои се прикривала Владата“, појасни Стевананџија.

Стевананџија ги запраша пратениците што го предложија законот дали што го предложуваат ова, а според ВМРО-ДПМНЕ не е добро законско решение, законско решение кое основа сомнеж за криминал во перспектива. Дали се исконсултиравте со некои од економските министерства? Дали ова законско решение има дозвола од тие министерства бидејќи некогаш има финансиски импликации? Или пак ова го правите на своја рака се со цел во интерес еве да поверуваме за доброто на постоечкото законско решение. Затоа што за вакво решение верувајте без поддршка од владата да се реализира е многу тешко.

„Сигурно не е направено на своја рака. Затоа оставете ни простор уште еднаш искрено да ве прашам ова е предлог законско решение од Владата што се крие зад вас или пак лична одлука на 5 пратеници, четири од СДСМ и еден од ДУИ, кои што веруваат дека ова денес што го предлагаат е навистина добро“, посочи Стевананџија.

Најнови вести