четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија го потсети СДСМ за заборавените ветувања кои ги дадоа на Прилепчани

Стевананџија го потсети СДСМ за заборавените ветувања кои ги дадоа на Прилепчани

Димитар Стевананџија, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет појасни дека навистина би било политичко самоубиство да се пропушти шансата во овој момент на хаос во државата да не се дискутира за побараната градинка во Прилеп, за салата во „Кире Гавриловски“, за салата во „Блаже Конески“, за 4 еко автобуси во Прилеп, за 2 противпожарни возила за Прилеп и Кривогаштани бидејќи имаме аномалија, возила немаме ама имаме примено 12 шофери., спомен обележје за „Тоше Проески“, реконструкција на прилепската стара чаршија, за долго најавуваниот театар во Прилеп, за „еко“ дрво итн.

-Навистина би било нелогично да не се искористи приликата со часови и часови, и денови да се дискутира за овие амандмани. И овие 4-5 дена преостанати е да ги искористиме максимално за да ги образложиме потребите и на Прилепчаните. Да ги обелодениме лагите на локалната самоуправа и на владата, бидејќи во еден ваков мегаломантски буџет за кој СДСМ не често испушташе да спомне дека колку е поголем буџетот толку е покриминоген, образложи Стевананџија.

Најнови вести