Министерството за образование и наука известува за можноста за добивање стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Хрватска за академската 2023/2024 година.
Рокот за доставување на апликациите е 20 март 2023 година (хартиена верзија) во архивата на Министерството за образование и наука на Републикa Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
Потребно е апликацијата со сите барани документи да се испрати на електронските адреси: [email protected] и [email protected]
Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени линкови на кои се достапни информации за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија и контакт за прашања и дополнителни информации.