недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоиљковиќ: Во државата се случуваат низа на бесмислици затоа се неопходни предвремени избори

Стоиљковиќ: Во државата се случуваат низа на бесмислици затоа се неопходни предвремени избори

Во државава се случуваат серија бесмислици, се случува ерозија на се, во сите институции. Власта нема реална перцепција за состојбите во општеството, рече Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократска партија на Србите во Македонија на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

„Македонија има крајно некомпетентно раководство кое прави сериозни пропусти и наместо да ги решава проблемите тие само се собираат на купче. Состојбата е лоша и на економски и политички план. СДСМ која се декларираше како државотворна партија стана слуга на еден коалициски партнер и го изгуби чувството за срам и за државните интереси. А многу работи зависат од СДСМ во моментов“, рече Стоиљковиќ.

Стоилковиќ се осврна и на уставните измени.

„Партиите од власта ја залажуваат јавноста. Уставни измени јасно е дека нема да поминат и тие се подготвуваат за предвремени избори. Сега имаат проблем поради внатрепартиските превирања, во ДУИ е почнато и сега остнува да се види што ќе се случува во СДСМ. Тоа е партија која ја чека губење и на оној малку преостанат рејтинг“, рече Стоиљковиќ.

Според него како и да е изборите ќе бидат брзи.

„Ние во секој случај сме во изборна година, кога и да се случат изборите“, кажа Стоиљковиќ.

Најнови вести