понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковиќ: На референдумот граѓаните ќе имаат прашање кое не е манипулативно и подложно на толкувања

Стоилковиќ: На референдумот граѓаните ќе имаат прашање кое не е манипулативно и подложно на толкувања

“Преспанскиот договор е само врв на ледениот брег, договорот со Бугарија ќе произведе потешки и посериозни последици и ќе доведе до состојба на современ етноцид на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската држава.” Така говорев кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, истакнува Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава на Фејсбујк:

И ако уште од тогаш предупредував какво зло носи за македонската држава и народ Договорот со Бугарија, се надевам дека на никој нема да му падне памет да ми спори дека и после толку време имам право не само на сатисфакција, туку и чувство на кредибилитет пред македонската јавност да соопштам дека не само лично, туку и со одлука на партијските органи апсолутно ќе ја подржиме иницијативата да се организира референдум ЗА ПОНИШТУВАЊЕ на Договорот со Бугарија.

1.Жал ми е што веднаш може да приметам дека еден дел од тогашните истомисленици, не сум сигурен која “мака” ги натерала да ја променат страната, но можеби е добро што е така, затоа што продадените души мора кога тогаш како г…. да испливаат на површина и не е добро со истите да сме во исто друштво.

  1. Оние што тврдат дека е глупаво прашањето за распишувањето на референдумот без оглед на нивното образование би требало да знаат дека подобро е Собранието да распише референдум за закон кој е донесен во Собранието (Закон за ратификација на договорот со Бугарија) отколку за било која друга импровизација која би се однесувала на акти кои не ги донело Собранието.
  2. Референдумот е препорачлив затоа што ќе ја узбурка вештачки креираната жабокречина во политичкиот живот и ќе внесе нова енергија кај се повеќе зомбираното граѓанство.
  3. Испитувањата на јавното мислење кои говорат дека од осум Македонци само еден би ги прифатил последиците предизвикани од договорот со Бугарија се императив за опозицијата да поентира стопроцентно, од сите аспекти.
  4. Опозицијата треба да биде власт за да може да го поништи договорот со Бугарија, иако истата веќе тоа и го потенцираше во неколку наврати, а со референдумот дефинитивно истото и го превзема како обврска.
  5. Можеби би било најдобро бидејки некако и референдумските рокови кореспондираат со можни вонредни избори истите да се случат истовремено, бидејки на тој начин најдобро ќе биде отсликана вољата на македонските граѓани визави Договорот со Бугарија и неговите последици.
  6. Иницијативата и пристапот на опозицијата во однос на формулацијата на референдумското пражање кој значи конечно напуштање на негативистичкоит пристат кон проблемите со кои се соочува државата и граѓаните и отворање на позитивистичкиот пристап, замена на НЕ со ДА ќе се преточи во отворање на нова надеж за македонските граѓани.
  7. На референдумот граѓаните ќе имаат прашање кое не е манипулативно и подложно на толкувања, што значи чесен пристап кон граѓаните, но во исто време и можност за едноставен и разбирлив одговор, а со тоа и разбирање на последиците од нивното изјаснување.
  8. Да ги потсетам оние кои однапред почнаа кампања против референдумот, оваа се однесува на оние кои бараат влакно во јајцето, дека може да им се случи да најдат неколку влакна, но истите на крајот ќе може да им послужат само да “преду вуну, драгоме за гуњу”.
  9. И на крајот, не бидете корисни идиоти во жестоката кампања, која почна уште пред референдумот, против опозицијата и нејзиниот предводник Христијан Мицковски, таквата кампања само укажува дека нема договор на Мицковски со мафијашките структури за нивна амнестија.

Најнови вести