„Впрочем, добро е што молчите, Марк Твен рече: “Подобро е да се молчи и да се звучи како будала, отколку да се отвараат устата и да се растераат сите сомнежи во врска со тоа.”
Тешко е да се биде човек Господе, напиша Иво Андриќ, и навистина е тешко бидејки во животот се прават или не, многу работи. Од некои понекогаш ме фаќа и срам. Но кога човекот работи и својата работа ја става на увид на јавноста и судот на луѓето треба да знае што се го очекува и на какви можности но и опасности се изложува.
Така било отсекогаш па така е и денес. Замислете, а не е твоопшто тешко тоа да го направите бидејки тоа е дел од нашето секојдневие, дека живеете со Вашите соседи на ист кат, Вашите деца секој ден заедно одат на училиште, а слободното време го поминуваат заедно во учење или игра и кога на комшијата ќе почине татко му, онака од чист мир на комшијата не му изразите сочуство. Скоро сум сигурен дека најголемиот број од Вас кои читаат ќе помислат, па добро каква искомплексирана будала е човекот, штом на себе може да си допушти такво нешто. Ете тоа ни се случи на нас минатите денови. Некои и тоа го можат, на жалост тие некои се слика и прилика на највисоката државна власт во Македонија.
Највпечатливо е кога паганите себе ќе се претстават за правослани!
Замислете по игра на случајот, претседателот на Собранието Талат Џафери да испратеше телеграм со изрази на сочуство на неговиот српски колега, па во ист момент “двоецот со далечинско водење”, Пендароски и Заев веќе ќе беа живи мртовци. Вистинска среќа за нив е превидот на талат Џафери. Но, еве на среќа се сети Бојко Борисов и сосема државнички мудро им ја спаси честа па и во нивно име испрати телеграма на сочуство до српскиот претседател. Епа нема лутиш нели сте сшти народ.
Затоа постојат и работи кои не се видливи за голо око, туку само за оние внатрешни жички кои не водат кроз животот. Па затоа таква беше и мојата реакција, не само на нивниот недостаток на домашно воспитување и човечност туку и државна промисленост и мудрост, која се обидуваат со нивната “громогласна тишина” да ја надвладеат. Тешко ви оди синовци, целиот регион е запознаен со Вашата брука, сите најважни регионални медиуми, а добар дел и од македонските портали ја објавија мојата реакција, преку социјалните медиуми доживеавте вистински дебакл, а белградска Политика дури половина ден ја држеше информацијата на својата насловна страница.
Нашата светлост го победи Вашиот мрак!
Впрочем, добро е што молчите, Марк Твен рече: “Подобро е да се молчи и да се звучи како будала, отколку да се отвараат устата и да се растераат сите сомнежи во врска со тоа.”
Инаку како ќе објасните дека дури и Мило Ѓукановиќ кој до вчера беше не само во судир туку и отворено непријателство со српската црква изрази сочуство до неговиот колега Александар Вучиќ и српскиот народ. И колку год да имам најлошо мислење за него и неговата политика никогаш на себе не ма да си допуштам да кажам дека не е никаков политичар, напротив станува збор за политички предатор во вистинска смисла на зборот. За разлика од него за Вас и Вашата политичност нека суди јавноста.
Да не го испуштам и Бојко Борисов кој исто така се однесе државнички мудро и на некој начин ви ја спаси честа па и во ваше име испрати телеграма на сочуство. Епа нема лутиш нели сте сшти народ. Да не ви го реметиме проектот еве и една олеснителна околност за вашите непочинства.
Што се однесува до мене никогаш не можев лесно и стопроцентно да одредам кога повлекувањето и компромисот е мудрост, а кога предавство и кукавичлук, како што никогаш не можев да знам кога нападот и бескомпромисноста, водат во победа или пораз. Ама со сигурност секогаш можев да претпоставам, иако луѓето не се впуштаат во било чии разлози, аргументи или карактер, дека заради одлуките кои ги носам секогаш ќе бидам изложен на омраза, јавно плукање и навреди. Но, малку сме во Македонија па мислите дека додека другите ве понижуваат, а вие ничкум со главите во песок се правите наудрени, можете да се иживуваате врз преостанатиот српски народ во Македонија кој во сите клучни моменти беше на страната ма македонскиот народ.
Треба уште еднаш да ви се каже дека од државните власти не очекуваме нисто посебно, освен нас Србите во Македонија да не не третирате како будали и да не не лажате така дрско и беспризорно. Едноставно барам сериозност. Барем онаква каква лично демонстрирав кон кон македонскиот народ и држава.“
Фејсбук статус на Иван Стоилковиќ