Еве уште еден промашен датум за избори, почнавме со 14.јуни, па 21, 28.јуни, а еве и 5.јули како можен датум се покажува не само за нереален, туку и неостварлив. Од повеќе причини, првата е секако несериозната лицитација со датумот на избори на Зоран Заев, заради која помеѓу другото и дополнително се обремени и отежна борбата против пандемијата и втората. затоа што се уште се манипулира со уставната положба на Престседателот на Републиката., анализира Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
Дури и од самиот Претседател, пред се заради тесно партијски интереси ја запостави проблематичната состојба врска со јавното здравство предизвикано од вирусот, па наместо одложувањето на изборите да биде заради објективни причини, а тие се сериозното загрозување на јавното здравје, односно драматичниот пораст на заболените од Ковид-19 се бараат изговори кои итоа и не се.
Недостатокот на политичкиот дијалог, се прикрива со тнр. Уредбата на Владата, која и не е спорна пред се заради фактот дека со нова Уредба старата престанува да постои, па така и роковите поврзани со нејзиното спроведување.
Сите овие настани не вратија на почетните позиции, а тие се несозреаноста на политичките елити да најдат компромис по одредени прашања за кои истиот е неопходен услов, дури и законски отелотворен со изборот на тнр. Пржинска Влада па така повторно државата ја доведовме во состојба второстепени политичари од ЕУ и амбасадори да ни помагаат во определувањето на датумот за избори, што секако е поразително за земја која е во очекување на реален датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Незрелоста оди дотаму, се прави обид, се блефира, дека ќе се навлезе во изборен процес кој нема да биде инклузивен и кој нема да биде со сите актери на политичката сцена, поготово на партија или коалиција која има повисок рејтинг од владеачката партија или коалиција и која ќе победи на наредните парламентарни избори и на тој начин дополнително се загрозува меѓународната позиција на државата и доведува во прашање недобиениот датум за почеток на преговорите.