Ова ги надминува сите граници и сите институции, јавни, државни, невладини здруженија мора да преземат сериозни мерки, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Ова дно не е само за осуда, овој лик, медиумски “гуру” е поттикнувач на омраза, за жал на оние заведени млади поддржувачи и членови на власта во заминување! Имате ли памет, знаете ли што предизвикувате и садите, хранејќи вакви ликови со вакви ставови до себе, истакна тој по статусот со говор на омраза објавен од Тричковски.