недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Богоев купил имот на Беровско езеро со маркица за хотел, тоа ли е цената за побугарчувањето

Стоилковски: Богоев купил имот на Беровско езеро со маркица за хотел, тоа ли е цената за побугарчувањето

На шиткачите на семакедонското од СДС им е смешно што голтарот Стефан Богоев од политика замина како хотелиер, купувајќи огромен имот со маркица за хотел на брегот на Беровско езеро по “багателна” цена, па на скандалот одговараат со политички досетки, модерно наречени “хехенца”.

Гледам и тазе хотелиерот -миленик на Боки и прв потписник на рекетарскиот дил одговара на ист начин.

Веројатно се надеваат на заштита од ДУИ заради отстапување на државата.

Ова ли е цената за побугарчувањето бе Богац, а синко; За пусти пари?

Народ нема леб да јаде тој хотели гради од политика?

Ајде на ТВ ако ти држат аргументите, таман да има материјал за идно обвинителство!

Веројатно и за скорите парламентарни избори!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Најнови вести