Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
-Бизнисменот Амзоски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот. Бојан Јовановски ја запознал измамената пензионерка на која и беа уплатени 720. 000 евра изрекетирани од еден бизнисмен, Бојан Јовановски ја запознал преку Мила Царовска. Ова се само дел од фактите за случајот Рекет искажани пред суд. Министрите и функционерите на Зоран Заев и на СДСМ се вмешани во Рекет. Бојан Јовановски, Боки 13, јасно посочува пред суд дека доколку не била нивната поддршка, бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат. Рекет во суштина значи изнуда на пари од некој што има моќ – општествена или политичка да исполни или да не исполни определени цели кои што задираат во сферата на делување на рекетираниот. Оттука, јасно е дека Бојан Јовановски е само извршител во Рекетот, а зад него стојат Зоран Заев и СДСМ кои што во моментот на рекетирање имаат моќ да уценат и да изнудат рекетирани пари согласно политичката и општествената моќ, согласно функциите кои што ги имаа во државната администрација. Според изјавите на Јовановски, Зоран Заев, Мила Царовска, Александар Кирацовски и кој ли уште се не од функционерите на СДСМ биле дел од рекетарското злосторничко здружување, вели Стоилковски.
Тој додава дека Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз, која што како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.
-И до сега по овие изјави пред судот, нема релевантни аргументи од страна на функционерите на СДСМ во насока на нивно негирање на ваквите искази. Тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од функционери на СДСМ. СДСМ е структурата која што се крие зад Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот каде што завршиле парите. За ова одговорност мора да има, потенцира Стоилковски.