Најпознатата дивоградба во општина Карпош напредувала и во деновите на жалост. Надмината е дозволената висина, за тоа нема дозвола, менувани се документи отпосле- и тоа во сабота во неработен ден- скандалот е доволно познат, а институциите ги нема на терен! Што повеќе е потребно за сомнеж за здружување во криминалот, истакна денеска за медиумите, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека се потребни одговори на следниве прашања:
Која е фирмата односно фирмите ангажирани за најпозната, најлуксузната дивоградба во општина Карпош, надградба без документи ? Дали се тоа фирми добитнички на тендери во Град Скопје? Дали воопшто има финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга?
Инспектори од урбанизам на Општината Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам- да излезат на терен и да направат увид и записник за фактичката состојба, дали висината на оваа градба е во рамки на ДУП-от, и дали има одобрение за надградба или се работи за класичен криминал?
– Пишувани се казни на луѓе заради немање табла пред објект кадешто се изведува градба, зошто Шилегов е привилегиран? Прашањата се нижат, а одговори нема ниту од Шилегов ниту од институциите, што раѓа сомнеж за злосторничко здружување! Молкот во случајов значи злоупотреба на овластување и на служба. И тоа е кривично дело, додаде Стоилковски.