Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, јавно му се обрати на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„А бре Kosta Kostadinov гледам си се распишал на Фб.
Те информираа ли твоите Костадине пред да напишеш статус дека твоите не гласаа за автентичното толкување на членот 11 од законот за помилување?
Кој те пушта низ вода, Костадине?
Доаѓа денот, еве чука саатот, кога ќе се одговара за сите направени криминали кои се штитат. Наскоро ќе се соочите со вистината колку заслужувате да бидете во Собранието.
Дојди на дебата, охрабри се и дојди на телевизиско соочување, пред луѓе да видиме кој е готов и кој какви криминалии, Рекети и Кеш има и сокрива.
Да блеснеш и потсетиш #ЧумуТиЕидентитетотБезПари“ -пишува Стоилковски.