петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: ДУИ му ги брои месеците на привремениот Ковачевски, а премиерот за кој зборува Османи е продолжение на дуизацијата на институциите кои се оценети како корумпирани

Стоилковски: ДУИ му ги брои месеците на привремениот Ковачевски, а премиерот за кој зборува Османи е продолжение на дуизацијата на институциите кои се оценети како корумпирани

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Бујар Османи дека наскоро ќе има премиер Албанец, истакна дека ДУИ му ги брои месеците на Ковачевски кој сите го гледаат како привремен, а тој за кој Османи зборува ќе биде само продолжение на процесот на дуизација на институциите кои и меѓународната ги оцени како корумпирани.

Стоилковски нагласи дека не само што голем дел од јавноста го перцепира Ковачевски како нелегитимен премиер, туку и коалициските партнери во владата го гледаат само како привремен премиер кој наскоро ќе биде сменет.

– Привремен премиер на Кого ДУИ му ги брои месеците пред да го сменат, без авторитет ниту во државата ниту од министрите во владата. Премиерот што го најавува Османи е продолжение на процесот на дуизација на институциите од меѓународната заедница оценети како корумпирани, рече Стоилковски.

Најнови вести