недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Гореше 300 годишна шума, а Ангелов циркузантски се однесуваше, недоблесен е за ваква функција

Стоилковски: Гореше 300 годишна шума, а Ангелов циркузантски се однесуваше, недоблесен е за ваква функција

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во денешното гостување во Канал 77 истакна дека Стојанче Ангелов е човек кој што е недостоинствен и недоблесен да ја води функцијата која што ја води и тоа го докажа, уште повеќе недоблесен да се извини за навреди дадени од позиција на која што е поставен, тој продолжува со неговиот цикузантски однос и сега истото го продолжи, а треба да се извини и за многу други работи, меѓудругото упатени кон ВМРО-ДПМНЕ, кон претседателот Христијан Мицкоски, кон мене, кон сите оние кој што бевме на терен.

Тој истакна дека граѓаните се сведоци на работата на Ангелов каде што настапи со цуркузантски потег што ја обвини опозицијата дека некој од ВМРО-ДПМНЕ ја украл пилата, исто така тој функцијата директор на ЦУК ја злоупотребува за пренос на неговите циркузантски настапи.

Во ист ден кога беше и Стојанче Ангелов тој дојде не посети и послем тоа упати навреди дека некој од тие што биле на терен од ВМРО-ДПМНЕ ја украл пилата како што самиот искажа, тоа е уште еден негов цирукзантски настан, за да ја ревалитизира целата ситуација во која што ја ставија Македонија. Тој не знае дека неодговорна функција и ја злоупотребува за да му ги пренесуваат циркуските настапи, навреди, фотографии, најавени па откажани снимки од пожари, и од целата таа опасност и жалосни слики кога гореше 300 годишна шума, тој од сето тоа правеше само личен пи-ар и треба да се извини.

Најнови вести