Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор. Седете си вие дома тие ќе си се гоштеваат во Хотел Туто во Јанче! Седете си вие од 20ч дома, може и од 18 од следна недела; економијата нека пропаѓа, што знаат оние со мотори од 30 и кусур илјади евра за криза, ќе ве вакцинираат некогаш, а можеби ни тогаш, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на Фејсбук.
-Во меѓувреме Заев ќе контролира и ќе се јавува кој може да вози транзит низ земјава; кој може да влегува преку граница и да носи што сака; Филипче ќе разгледува терени за нова “касарна” и нов тендер; а заедно на мотори ќе смислуваат како да направат што поголема ујдурма за некоја провизија, знаејќи дека најголем сектор во влада им е за креирање перцепции и пласирање на “медиумска вистина”.
До каде е забегано лудилото, зборува и чаршијата дека министерот за провизии поим немал од мотори, ама сега научил само и само да биде поблиску до тиранинот, а дали е вистина еве јас не знам, прашувам?
Не е ова режим, ниту само мафија, ова е ужас незабележан во Европа по падот на Чаушеску!, додава Стоилковски.