четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ (ФОТО)

Стоилковски: Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ (ФОТО)

Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ! Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на опозиција, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Внимавајте, БЕЗ НАРЕДБА ЗА ПРЕТРЕС да влезат во домот, но и во други простории ЗА ПРИСИЛНО ДА МЕ ПРИВЕДАТ!

“Огласот” за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш!

На нозе утрово беше дигнат цел полициски вод! Дома, на работа, низ Скопје!

Како да сум УБИЕЦОТ ОД СМИЛКОВСКО!

Како да сум УБИЕЦОТ НА МАРТИН НЕШКОВСКИ!

Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на Водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана …!?

Или пак кај мене завршија парите од Рекет, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори?

Да сме на чисто, ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ МЕНЕ НЕМА! УРЕДНО ПРИМЕНА ПОКАНА, КАКО ПРЕТСТАВНИК НА ПРАВНО ЛИЦЕ.

ОВА Е ЧИСТО ИЗЖИВУВАЊЕ! ПОРАКА “ЕВЕ ШТО МОЖЕМЕ”!

ОВА Е ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ НАСОЧЕН КОН МЕНЕ, МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА!

НО!

Но нема да ме замолчите!

И да, вечерва ќе ја споделам колумната за Вилма и Добрила, за идолите и основоположниците на оваа Инквизиција!

*До исполнувачите:

Ќе ве потсетам дека и по Катица вака трчавте!

**До полицајците; Ве разбирам момци, нека не ви е непријатно, како хунтата губи тло под нозе, се почесто вакви наредби ќе добивате.

Еве ја!Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ!Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на…

Gepostet von Naum Stoilkovski am Mittwoch, 21. Oktober 2020

 

Најнови вести