недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери наместо добивање поквалитетни услуги во здравството

Стоилковски: Јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери наместо добивање поквалитетни услуги во здравството

Во текот на годината редовно сакале или не и она што не е баш пријатно за слушање излегуваат бројни афери поврзани со криминал и корупција и лукративност, а тоа и ќе биде една од темите на денешната трибина. Последиците од таа корупција и негрижата добија видливост во времето на пандемијата. Пандемијата ја покажа целосната политизација, корупција и едноставно немање на протоколи барем во првите година ипол или две од КОВИД-19“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додаде дека кога се говори за јавното здравство тоа опфаќа многу поголем спектар на учесници отколку само доктори, а тоа се сестри, болничари, лаборанти, медицински персонал, кои што исто така се дел и ја креираат сликата за здравството, а тие за жал се недоволно почитувани од страна на оваа влада.

– И ќе дадам лична оценка за министерството за здравство во делот на јавно приватно партнерство наместо да се добијат поквалитетни услуги, самиот термин јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери. Кај нас се поврзува со стерилизација на хируршките инструменти, понатаму приватизација на Брза помош, исто така една лукративна идеја која што се појави во Владата водена од СДСМ и ДУИ, па дури стигна и до момент на набавка на медицински хеликоптери, а притоа еден проект како Клинички центар пет години се најавува односно на секои шест месеци, а нема ниту основен проект направено, појасни Стоилковски.

Стоилковски посочи дека приликите во соседството кажуваат дека нема потреба да се фрлаат толку пари како што во последната најава од министерството за здравство беше најавено, дури беше најавено десет пати повеќе средства за изградба на Клиничкиот центар.

– Потребна е една реорганизација на јавното здравство, нагласи Стоилковски.

Од ЕК во извештајот кој што е за 2020-2021 година вели – Персоналот има потреба од специјализирана обука за користење на напредна здравствена опрема, пристапот до лекари специјалисти во јавниот здравствен систем останува проблематичен“, рече Стоилковски.

Стоилковски укажа на сајтот на министерството за здравство може да се забележи дека коментар за извештај на ЕК е на оној од 2019 -2020 година, а на наредниот извештај на ЕК од 2020-2021 нема коментар на сајтот на МЗ.

– За извештајот на ЕК од 2020-2021 година нема реакција или оценка, свое видување, коментар на оценката од страна на министерството за здравство, појасни Стоилковски.

Стоилковски додаде дека речиси две години немаше протоколи пропишани за борбата односно справување со КОВИД-19. Дури не само што државата немаше доволен број на вакцини, туку немаше ниту доволен број на тестови за детектирање на вирусот КОВИД-19.

– Во извештајот на ЕК се вели дека Македонија е делумно усогласена со правото на ЕУ за заразни болести. И понатаму има во делот за вакцинацијата дека третиот бран на пандемијата го доведе капацитетот на здравствениот систем до неговите граници за зафатеност на болнички кревети до 90%, а вакцинацијата започна во февруари 2021 година. Според националниот план е предвидено 60% од населението да се вакцинира до крајот на 2021 година. До почетокот на октомври 2021 година целосно вакцинирани во Македонија биле само околу 35% од населението, истакна Стоилковски.

Стоилковски потсети дека покрај немањето на протоколи и немање на вакцини се поттикна недовербата кај граѓаните кон јавното здравство, но и кон вакцинацијата.

– На оваа трибина се разгледа по неколку месеци извештајот на ЕК за јавното здравство во Македонија. Но се разгледаа и состојбите во јавното здравство. И се дојде до заклучок дека е потребна реорганизација во јавното здравство во Македонија за да може да одговори на предизвиците и тоа мора да биде проследено со една континуирана и специјализирана обука која што има застанато неколку години, посочи Стоилковски.

Стоилковски додаде дека јавното здравство е разорано од власта со криминал и корупција, лукративни моменти.

Најнови вести