четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал

Стоилковски: Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал

Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител.  Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, согласно надлежноста и функцијата требаше да започне истрага за кривични дела од извонредно значење, како што е изборниот процес односно референдум. Со евидентната кражба на гласови, со полнење на кутии во рекордно време, со поткуп на гласови, со притисоци врз администрацијата, не успеаја да ја поразат волјата на народот и да го протуркаат референдумот за капитулантскиот договор. Како што не успеаја тогаш, нема да успеат ниту сега, рече Стоилковски и додаде:

„Но, ништо не го амнестира Љубомир Јовески. Без постапка против организаторите и учесниците во овие кривични дела е директна заштита на изборниот криминал. Без постапување, Јавниот обвинител се стави на страна против граѓаните и против демократијата. Љубомир Јовески повеќе не смее да остане на функцијата јавен обвинител! Власта се сложи за обвинител на предлог на опозицијата и тоа мора да се почитува. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и на правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои што правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт“.

Најнови вести