петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Костадине Костадинов, колку ти чини човечноста?

Стоилковски: Костадине Костадинов, колку ти чини човечноста?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук го прашува Костадин Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ колку го чини човечноста?

-Костадине Костадинов, колку ти чини човечноста?
И таа ли ја продаде за пари, како и идентитетот?
Види Манулаченце, пишувањето ми е живот, добро препознавам дека првиот пасос ти е додаден по сугестија од газдата ти, да не биде “апла” бесчувствително.
Прпа, а? Ќе го јадете? Јасно ви е?
Безобразно, е Манулаченце, да пишуваш за болни од Корона, а со прст не мрднавте не само за вакцини, туку ни за кислород, ни за реагенси на почетокот.
Нема тендер, нема здравство; е тоа е безобразно, Манулаченце.
Човечно би било млад човек, уште и во очекување на дете да има некаква култура. Ама пуста пудра мозок суши. Тоа што напудрен мислиш дека се знаеш, си се зезнал.
Мина времето на “журките” на сплавови, па сега сакаш да бегаш за “кмет” на Струмица? Мало сутра, вика Заев? Па затоа мора да пишуваш вакви нечовечности? Уште малку да му се потпикнеш?
Манулаченце, те разбирам. Дури и те сожалувам. Се обидуваш да “Толкуваш” професор, додека спонзорирано трчкаш на приватен факултет кај Нано и Фрле. Ама ти си таков како што си и сите те знаат, Манулаченце. Те видовме на дело, со се газдата ти.
И дај кажи, колку те чинеше човечноста? Колку идентитетот?
Прпа, а?, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Костадине Костадинов, колку ти чини човечноста?
И таа ли ја продаде за пари, како и идентитетот?

Види Манулаченце,…

Posted by Naum Stoilkovski on Недела, 07 март 2021

Најнови вести