Ние се одзвавме на јавната покана упатена преку социјалните мрежи преку медиумите од страна на Златко Марин упатена до мене како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и до Дејан Митевски како претседател на општинскиот комитет кој што по социјалните мрежи ги вади деловите од тендерите кои што покажуваат за сомнително работење на општина Аеродром и набавки со цена од 300 евра за едно метро ламинирана даска, греда или пак 150 евра за едно метро метална шипка Ф40 колку се сеќавам, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Но и да речеме оние сијаличка за бандера за јавно осветлување од 800 евра и многу други податоци кои што ги содржи, еве јас ги отпечатив овие договори меѓутоа не стигнавме да се видиме со Златко Марин да видиме што ќе има тој да ми каже бидејќи упати јавна покана. Јас се надевам дека градоначалникот можеби некогаш ќе се појави на работа а и ќе даде отчет пред граѓаните како се дојдени до овие цени и прифатени овие цени на тендер од 300 евра за едно метро дрвена даска, 150 евра за едно метро челична шипка – цевка или пак 800 евра за една сијалица, 250 евра ама тоа е едно метро цевка свиткано во круг можеме да рачунаме дека да сметаме дека тоа е 250 евра според неговите цени, би требало да ги објасни овие поединечни цени внатре бидејќи основата на криминалот и на корупцијата според бирото за јавни набавки но и според оние што се борат со корупцијата во тендерите велат дека деталите се оние каде што се крие ѓаволот а не целиот тендер како најевтина понуда, вели тој.
– Да ги видиме секој може да се јави до оние складишта за градежни материјали или оние што продаваат градежни материјали или оние набавки кои што ги прави Марин да ја видат малопродажната цена а потоа и да ги видат овие цени кои што ги плаќаат или ги договорил Златко Марин да ги плати на тендер,додаде Стоилковски.