Македонија нема струја, Македонија нема гас, Македонија нема јаглен, Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Скопје нема парно, Тетово нема вода, Владата купува златни тањири, лажици и вилушки. 60.000 нови невработени, стотици затворени компании, девастирана економија, а Владата купува златни тањири, лажици и вилушки. Странски инвестиции нема, капитални инвестиции нема, за тутунарите пари нема, за овоштарите пари нема, а има за златни тањири и вилушки за владата. Секоја држава има мафија, а тука Мафијата има држава, живи луѓе горат, одговорност нема, а ма има златни тањири и златни вилушки, нови за Владата! Покачени сметки за струја, парно, гас и горива, среде енергетска кризна состојба, Македонија тоне во криза, а владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки, вели Стоилковски.
Тој прашува за што? За да достојно, така царски, го дочека пиунот Ковачевски со неговата заева свита во Владата со златни тањири.
-Ова е пример за чиста забеганост, ова е непотребно, одлепено луксузирање врз грбот на луѓето. Срамно и безобразно однесување. Златен прибор се плаќа од буџет сега, за од нив да јадат министрите од СДСМ, ДУИ, Алтернатива, и кога ќе им дојдат на ручек Павле Трајанов, Морачанин и оној Горан Милевски. Секој ден поминат без брзи избори, е само ден минат со нов пораз за Македонија, вели Стоилковски.