четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Од јавен интерес е да се знае зошто се дадени рекордни 40 милиони евра за лиценци?

Стоилковски: Од јавен интерес е да се знае зошто се дадени рекордни 40 милиони евра за лиценци?

СДС и власта не одговориле до сега, ниту пак ЈО не покажа интерес дали зад 40 милиони евра договори не стои колегијалноста, пријателството можеби на Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс?, ова денеска преку прес конференција го прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од јавен интерес е да се одговори зошто се срушени сите рекорди во пари за тендери од ваков тип? Во три години, 15 па 25 милиони евра, за иста услуга? И зошто за прв пат беше воведена пракса вакви договори да се прават на три години? Како е можно Секретарот на Влада, да даде толкав тендер на колега на тогаш министер, а сега премиер, плус тоа сега и на странски дипломат? Владата во 2021 го прифаќа Андонов, колегата на Ковачевски, за дипломат, конзул на Грузија во Македонија и му отвора конзулат. Ваков тип на договори, односно лиценци за програми треба да овозможат и безбедност, а тоа се дава на странски дипломат?, прашува Стоилковски.

Т ој додава дека што тоа е подобрено во овие три години за да се плаќа 10 милиони евра повеќе? Се што значи компјутер и администрација колабираше во овие три години- од катастар, преку МВР, здравство, правда, судство, матична евиденција, онлајн образование.

-Може да молчат и молкот е потврда дека зад оваа зделка лежи можна корупција и можен криминал!, вели тој.

Најнови вести