Здружението на новинари на Македонија побара Златко Марин градоначалникот на Аеродром да го повлече распишаниот оглас за медиуми и новинари!, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Неколку дена го повикував да го повлече овој срамен обид за поткуп на медиуми преку распишан конкурс за фалење на неговата изборна платформа на СДСМ “стратегија 21-25” за голф терени во Лисиче.
ЗНМ јасно укажува дека овој оглас:
-Создава етички конфликт
-Ја нарушува објективноста на медиумите
-Конкурсот е обид за влијание врз уредувачка политика,
-Ќе предизвика штета на медиумската сцена
-Со тоа страда јавниот интерес
-Му се посочува на Марин потреба од транспарентност во интерес на јавноста
Сега очекувам и Љупчо Николовски, министерот ЗА корупција, да побара одговорност од Марин.
Ниедна лага и манипулација не им минува повеќе, ни во Аеродром, а ниту во светот!, пишува Стоилковски во својата објава.