четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Принципиелно се повлекувам и се заблагодарувам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП

Стоилковски: Принципиелно се повлекувам и се заблагодарувам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП

Ја следам возбуденоста во СДСМ поврзано со моето име и сметам дека тоа повеќе се однесува на стравот дека од внатре на ЈСП ќе го видам и јавно ќе го објавам сиот криминал со компанијата и секако, за планот за БРТ, пишува на Фјсбук, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Посочува дека иако го имм сиот потребен кредибилитет да биде дел од УО на ЈСП, верува во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија.

-Тие принципи не постојат во СДСМ, затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза. Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата. Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат криминалот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје, истакнува Стоилковски.

Најнови вести