Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека Радмила Шекеринска откако го пресели Агитпроп- тимот од св.Спас објави твит како положува цвеќе на споменикот на ГоцеДелчев.
-Радмила Ш откако го пресели Агитпроп- тимот од св.Спас објави твит како положува цвеќе на споменикот на #ГоцеДелчев. Нема да навлегувам во содржината на твитот, туку на тоа што е прикажано.
Тука е видлива сета негрижа и односот на #СДСМ и #ШилегOff кон минатото, хероите, културата, посебноста и се она што значи Македонија.
Постаментот е накусо ЛОМ! Ишкртан, руиниран, недоличен.
Ај што треба редовно да ги одржува, а не го прави тоа, ај што “страничните бизниси” му се поважни од функцијата, но и сега, денеска да се остави споменикот така?
Зар Шилегов не знае дека е 4 мај? Не знае дека државни делегации ќе оддаваат почит? Зар ова е сликата која треба да се прати од Македонија? Фотографија од денеска; денес кога сиот фокус на македонската иднина е ставен врз ликот и делото, значењето на Гоце за Македонија и Македонците?
Не е срамно.
Девастирачки е.
Нечовечно е.
Немакедонски е.
Петре Шилегов и Град Скопје засрамете се!, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Радмила Ш откако го пресели Агитпроп- тимот од св.Спас објави твит како положува цвеќе на споменикот на #ГоцеДелчев….
Gepostet von Naum Stoilkovski am Montag, 4. Mai 2020