„Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите“.-Ова се зборови на Петре Шилегов изјава за медиуми, Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје, 02.10.2017 прес конференција поддржана со видео токму на езерото Треска кај Скопје, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е дел од еден од купопродажните договори, сите со иста содржина, односно договори за отуѓување на градежно земјиште со електронско јавно наддавање склучен на ден 30.05 2019 година. Во него јасно стои дека наддавањето е правено на ден 06.12.2018 година.
Значи само 14 месеци по ветувањата на Шилегов и на СДСМ дека ќе го вратат животот на езерото Треска со нови содржини, дека ќе се врати забавата таму ќе отвораат спортски академии, спортски школи и што уште не, токму на езерото Треска.
Огласот за јавно наддавање бил објавен на 15.11.2018 година во три дневни весници. Тоа Шилегов и неговата администрација не го видел. Продажбата не е спречена од градската администрација. Понатаму, ниту Шилегов, ниту некој од неговата администрација не интервенирал во цената на градежното земјиште.
Ова е Член 3 од Договорот. Купувачот дал најдобра понуда на наддавањето одржано на 20.12 2018 година, понудил 71 денар за метар квадратен, за парцела од 875 квадрати за 62,125 денари, односно 1, 01 евра по метар квадратен. Значи овој договор е еден од повеќето, овој договор е за 875 квадрати од вкупно 85.310 квадрати и сите договори се со иста цена, иста содржина купени од еден понудувач.
Според ценовникот единствениот регистар при КП Глумово, ваква површина се продава за најмалку 10 евра по метар квадратен.
И тука се поставуваат прашањата:
Како тоа само една година по ветувањата на Шилегов, тој не гледа дека тука се продаваат парцели?
Второ, како тоа цената е толку екстремно ниска се продаваат по 1 евро за метар квадратен на места каде што просечната цена е 10 евра за метар квадратен?
Трето, како тоа за ниедна од толку парцели на кои што се поделени од 800 до 1000 квадрати, не бил заинтересиран за купување никој друг или никој не дал повеќе од овие 1,01 евра за да може да земе парцела за градење?
И како сето тоа му минува пред очи на Шилегов кој што се колнеше во враќање на СРЦ и езерцето Треска во живот, враќање на животот во Скопје таму, за сите, за оние кои немаат за одмор таму да оделе да се разладат на езерцето да биде исто како на одмор во Скопје? Разликата во цена е цели 750 илјади евра, а Шилегов тоа не го видел?
Јасна е бизнис логиката за оваа зделка, јасни се лагите на Шилегов и на СДСМ за Скопје и за СРЦ Треска.
Јасно е дека и сега ќе настапува со исти лаги. Ќе ве потсетам на зборовите на Шилегов „Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства“. Сега на ова може да се додаде и „полесно е и да се продава, речиси без пари“.
Нема поголеми лаги од оние на СДСМ за Македонија, нема поголеми лаги од оние на Шилегов за Скопје!, подвлекува Стоилковски.