Скандалот Рекет 2 не смее да мине без оставка на Директорот на ФЗОМ и без оставка на Министерот за здравство. Тоа е најмалку што треба да се случи за колку толку да се има доверба во истрагата по поднесената кривична пријава, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ден Дончев и Венко Филипче- лажеле, манипулирале, бркале светски гигант во здравството да не инвестира во Македонија, само и само за лични цели. И се уште Ден Дончев е директор на Фондот и може да уништува докази, да влијае на сведоци, може да рекетира, може да уценува, може да тргува на сметка на здравјето на луѓето. И се уште Венко Филипче министерува по сета девастација на здравствениот систем, а сега и со вмешаност во кривична пријава случајот РЕКЕТ2, вели Стоилковски.
Тој додава дека оставки се потребни за да има целосна вистинска и кредибилна истрага која што ќе одговори на следните прашањата:
- Дали зад намерата во Рекет2 на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во Струмичко?
- Дали во Рекет2, Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец?
- Дали преку Кичеец во Рекет2 е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
- Зошто во Рекет2 ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал?
- Кој е благајникот со брада во струмичко во Рекет2?
- Дали во Рекет2 е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање?
- Дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен во Рекет2 не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по година дена?
- Дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, дали го аминувал односно зошто не го пријавил Рекет2 кај Рускоска?
- Дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за Рекет2 од странски дипломат и во тој случај зошто тоа го пријавил случајот кај Рускоска?
-Без нивни оставки, барем од морални причини, со право може да се верува дека и РЕКЕТ2 се случувал со аминување од Зоран Заев. Тој ниту сега не бара оставки од нив, од Ден Дончев и од Венко Филипче. Ова е доказ дека Заев и државната мафија немаат намера за спречување на криминалот. Ова е доказ за се залудни и лажни сите партиски декларации морални причини. Срамно е РЕКЕТ2 не смее да мине како Леонардо- Рашковски уште е Генерален секретар, да мине како РЕКЕТ1- ги нема парите, ги нема Фрики, Кики, Шеки, Зоки Поки, не смее да мине како случајот Тополки- пола година заглавен во лавиринти додека Анѓушев си тера бизнис. Се додека Ден Дончев раководи со Фондот, a Филипче со министерството, се’ до тогаш нема да се открие: Имало ли изнуда на пари, месечни транши и пат до Струмица “кај Благајникот со брада”? За сите ова е голема афера за која што зделката е видлива, намерата е предвидлива, злоупотребата на институциите е јасна. Ова е афера која уште еден доказ, случај за рекетарското здружување на октоподот на власта, потенцира Стоилковски.