Снемува вакцини, а Заев и Филипче се уште се неспособни да набават нови за да продолжи имунизацијата во Македонија. Од досега пристигнатите, Заев и Филипче набавија само 3.000 вакцини. Да не беа донациите немаше ниту лекарите и другиот медицински персонал да се вакциниран. Да не беа донациите, и тие ќе требаа да патуваат да се вакцинираат во Србија, или каде и да им отвореа врата, да се смилуваат врз народот оставен на цедило од Заев и од Филипче. Ете тоа е горката вистина, снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови, да не беа донациите, и докторите ќе требаше да патуваат да се вакцинираат во Србија, ова денеска како коментар на денот го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не смее да се заборави колку лаги беа кажани за набавка на вакцините, колку лажни изјави беа споделувани дека има договори за вакцини. А, всушност се било лага, се било трка по провизии. Вакцинацијата во Македонија задоцни цели четири месеци. А, тоа чини животи. Од први јануари до сега има починато над 1.700 луѓе. Над 1.700 жртви поврзани со корона епидемијата и ненавременото справување со неа. Па колкумина од нив можеби ќе беа спасени ако не се мислело на провизии и не смислувале нови лаги за договори за вакцини? И секој нов загубен живот од вирусот оди на совеста на Заев и на Филипче. Да набавеа вакцини, кога тоа го правеа и земјите од регионот, бројот на починати сигурно немаше да биде толку голем. И денес, четири месеци и 14 дена подоцна Македонија се уште каска зад регионот и зад светот. Полицискиот час кој што е на сила, и најавите за негово продолжување, немаше да бидат потребни, ако се набавеа вакцини на време, вели Стоилковски.
Тој додава дека лакомоста и пред се неспособноста да се набават вакцини на време, донесе урнисана економија, втора година по ред, илјадници уништени животи, загубени членови на семејства, загубени работни места, загуби и трошоци за лекување, цели две години загуби за Македонија. Не постои толкав буџет што може да ги санира овие загуби.
-Нема толкав пи-ар тим што може да биде платен од буџетот за ја покрие оваа нечовечност и лакомост во власта. Останува горката вистина дека Заев и на Филипче среде пандемија бркаа провизии! Нема веќе простор за Заев и за Филипче за манипулација со граѓаните. Нема веќе верба дека Заев и Филипче можат да сторат нешто повеќе. После се, за Заев и за Филипче нема ништо друго освен – одговорност!, вели Стоилковски.