петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Состојбите во образованието се поразителни, погрешната образовна политика на власта го нарушува стандардот, и го урива системот

Стоилковски: Состојбите во образованието се поразителни, погрешната образовна политика на власта го нарушува стандардот, и го урива системот

На денешната трибина „Погрешната образовна политика го нарушува стандардот, и го урива системот“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ , свое обраќање имаше и портпаролот Наум Стоилковски кој што истакна дека состојбите во образованието се поразителни, образованието се соочува со недостаток на кадар, а власта насилнички се обиде да го задуши штрајкот за повисоки плати и подобар животен стандард на образовниот кадар.

-Ќе дадам мал опис на состојбите, 215.000 луѓе ја напуштиле Македонија, според државната статистика, толкава е разликата меѓу последниот квартал лани и првиот годинава. Колку и да како велат калибрирале со пописните резултати, состојбите се поразителни бидејќи во најголем број треба да е споредено со државната Агенција за вработување, каде има точна бројка на вработени, баратели и оние класифицирани како неактивни баратели, а невработени во Македонија. Сепак, оваа трибина е за образование коешто е важна алка во тој синџир, во креирањето на работната сила. Но и самото образование се соочува со недостаток на кадар- нема доволно за специфични струки како хемичари, физичари и други наставници за природните науки, коишто впрочем се многу важни за креирање на идни работници и инженери, квалификувана работна сила, нагласи Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски исто така истакна и дека состојбите во образованието, стандардот, платите, условите за работа, пречестите промени на системот, таа професија ја прават, веројатно неатрактивна, а односот на власта насилнички во однос на задушување на штрајкот со закани и притисоци.

-Притоа, состојбите во образованието, стандардот, платите, условите за работа, пречестите промени на системот, таа професија ја прават, веројатно неатрактивна. Односот на СДСМ/ДУИ кон наставниците кои што побараа плата која што би била достоинствена, за зачувување на нивниот животен стандард, беше благо кажано, насилнички, штрајк задушен со закани по исплата на плата, задушен со притисоци од директори поставени од СДСМ/ДУИ, задушен со штајкбрејхери, ривалство со пораки „владата не е квиз со Банкарот“. Се на се демотивирачки однос. Сето ова се случуваше по две години криза, онлајн настава, која што и покрај најавите за посебна платформа, се работеше на слободните платформи, иако со доцнење од еден цел месец, истакна Стоилковски.

Најнови вести