вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени е непроменет, а Ковачевски нека каже на јавноста како оставката му ја искинал Џафери

Стоилковски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени е непроменет, а Ковачевски нека каже на јавноста како оставката му ја искинал Џафери

Денес, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски по прес конференцијата одговори на новинарско прашање за тоа дали е точно тоа што Ковачевски го кажа за сигнали од опозицијата за уставни измени.

„Почитувани, точно е дека Ковачевски поднел оставка, а Талат Џафери му ја искинал. Нека не ја замајуваат јавноста, нека каже Ковачевски како му е скината оставката и како отишол во САД и на крај нека каже пред јавноста кои се пратениците од СДС од ИЕ1 и 2, и некои од ИЕ4 кои кажале дека нема да гласаат за промена на Уставот“, нагласи Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени е непроменет.

Најнови вести