вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Тоа е тој СДСW калап на однесување, тоа е тој менталитет на вазалски однос

Стоилковски: Тоа е тој СДСW калап на однесување, тоа е тој менталитет на вазалски однос

Слушам на вести газдата на Баргала “наскоро ќе се произнел” за оставањето на стотици семејства без леб на маса! Плата не им исплатил од државната помош сега, раскажуваат текстилците. За време на корона изборите 2 денари, еј два денари (!) плата им даде, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговиот Фејсбук статус:

Затоа ја славеше “победата” среде полициски час по кафани додека сите плаќаа казни.

Сега нема плата дадено, ама мораше да оди на фудбал!

Каде е Саше, таму е и тој, не случајно му е роднина и спонзор на штипскиот наметнат “кмет”. Така и имунитетот се пренесува. Па кај се тие таму се и “штипските шерифи”!

Тоа е тој СДСW калап на однесување, тоа е тој менталитет на вазалски однос, независно дали е доктор, инженер или дилер на автомобили.

Најнови вести