Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Телевизија 24, истакна дека новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски кој наследува одговорност за автобуската несреќа и кризите во земјава нема да промени ништо затоа што Заев сеуште ќе ја води политиката, а ниту одговорност, ниту решенија на кризите ќе има во земјава.
-Денеска е точно 20 дена од автобуската несреќа во Бугарија, а во Македонија нема одговорност, нема никаков виновник, нема разрешен случај, а веќе поминаа и три месеци и една недела од модуларната болница во Тетово, 60-тина наши сограѓани живи изгореа, на пеколен начин ги загубија животите, а одговорност во Македонија нема, вели Стоилковски.
Стоилковски посочи дека она коешто го наследува Ковачевски, иако тој е убеден дека Заев ќе продолжи да ја води политиката, и не очекува да се случи никаква промена со новиот лидер на СДСМ, а оваа коалиција нема капацитет за да ги реши и менаџира овие кризи, затоа решението е што поскоро да се организираат предвремени парламентарни избори.