Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија!, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори. Зошто се молчи власта за „Рекет 3“? Зошто во Штип се уште нема болница? Зошто беше запрена градбата на болницата? Зошто е прекинат договорот со подизведувачот? Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот? Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба? Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?, прашува Стоилковски.
Тој потенцира дека името на Филипче е единственото покрај Заев што се поменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“.
-Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство, вели Стоилковкси.