петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе започне правна процедура за случајот со професорот Темелко Ристовски

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе започне правна процедура за случајот со професорот Темелко Ристовски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на денешната прес конференција одговараше на новинарско прашање кое беше поврзано со неодамнешното признание на професорот Темелковски дека давал рапорт во Министерството за одбрана за партиски активности во изборите, агитациони писма, лајкови и постови и за сето тоа добивал надоместок, како и дали ВРМО-ДПМНЕ ќе преземе нешто по однос на тоа.

Стоилковски рече дека во време кога државата тоне во криза, нема пари за наставниците и негувателките во градинки кои беа изиграни и на сила им го скршија штрајкот со закани, партиски ботови се плаќаат од министерствата да пишуваат постови и да лајкуваат на Фејсбук.

Ова е повеќе од срамно и ја покажува сета беда на партизацијата на институциите. Затоа имаме можеби повеќе од 30.000 нови вработени во администрацијата да стискаат лајкови и да земаат плата од Буџетот за партиски активности. ВМРО-ДПМНЕ ќе започне правна процедура за случајот со Темелко Ристовски во министерството за одбрана – рече Стоилковски.

Најнови вести