четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Воведување медиумска цензура среде епидемија!

Стоилковски: Воведување медиумска цензура среде епидемија!

„Воведување медиумска цензура среде епидемија!“- пишува на своот ФБ профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, коментирајќи ја најновата владина одлука одбрани медиумми, регистрирани кај провладини асоцијации и НВО-а да бидат единствените кои ќе можат да прашуват т.е. пставуваат прашања на новите владини он-лајн видео прес-конференции.

„Владата се одлучи за онлајн прес конференции и вклучување на прашања. Но, злоупотребувајќи ја состојбата се обидува да исклучи критички медиуми.

Имено во дописот за регистација стои:

Право на учество на повикот имаат сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија),
како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”

Цензурата доаѓа токму во последниот дел. Најголемиот број критички медиуми не се дел од ЗНМ ниту дел од регистарот на Советот за етика; што лесно се проверува и од линковите посочени од владата.

*Ова е регистарот посочен од влада https://www.promedia.mk/main

Меѓу нив се Курир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер.. Медиуми со илјадници читачка публика и посетители. Дури и многу повеќе од оние “на листата”. Сето ова доаѓа по прашањата до Филипче и соочувањата со вистината за состојбите и итните набавки од владата.

Ова е срамно, во услови на епидемија, на мала врата да се исклучат медиуми кои инаку се АКРЕДИТИРАНИ и без никаква пречка биле присутни на пресовите на владата.

“Браво” Забрчанец, “Браво” Бојаровски, “Браво” Роберт Поповски!

Вака се справува со кризата; Лажи и чекај да те фалат!“, пишува Стоилковски на својот ФБ профил.

 

Најнови вести