сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: За ВМРО-ДПМНЕ е приоритет работите за коишто суштински се залагаат партиите да бидат тестирани на избори и да добијат мандат од граѓаните

Стоилковски: За ВМРО-ДПМНЕ е приоритет работите за коишто суштински се залагаат партиите да бидат тестирани на избори и да добијат мандат од граѓаните

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција запрашан за предлогот на Таравари да се отвори Уставот па да се оди на избори посочи дека ако некој мисли дека може да се излезе и да се прави нешто за што не добил мандат тогаш тоа е негова одлика. Имено Стоилковски укажа дека за ВМРО-ДПМНЕ е приоритет работите за кои што суштински се залагаат партиите да бидат тестирани на избори и да добијат мандат од граѓаните.

-Народот е изморен од претворање на политиката во естрада и во егзибиционалистички потези на лажење и лицемерие. Ако некој мисли дека може да се излезе и да се прави нешто за што не добил мандат тогаш тоа е негова одлика, но за ВМРО-ДПМНЕ е приоритет работите за кои што суштински се залагаат партиите да бидат тестирани на избори и да добијат мандат од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е за суштински развој, борба за подобра иднина, за економски проспоритет, заштита на државните и националните интереси и исполнување на стратешките приоритети, за тоа ќе бараме мандат на избори и веруваме дека ќе добиеме, рече Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски го додаде и следното:

-Има и такви кои што сметаат дека треба да се признае Палестина, дека треба да се биде Северна Кореја, да има криминал како во Африка како што има сега, да бидат недопрени криминалните кланови, една партија како ДУИ да се прогласи за доживотен партнер во власта и егзибиционисти и естрадни политичари кои тоа ќе го помагаат. И ако сметаат дека сето ова е во ред нека го стават во својата програма и ајде да го провериме легитимитетот пред народот.

Најнови вести