вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Заевизмот останува, сега ќе се бира марионета на Заев, за да продолжи корупцијата и бизнисите на власта

Стоилковски: Заевизмот останува, сега ќе се бира марионета на Заев, за да продолжи корупцијата и бизнисите на власта

Наум Стоилковски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ утрово во „Утрински брифинг“ во Слободна ТВ истакна дека Заевизмот останува, а сега Заев ќе бира и своја марионета, за да може да продолжи корупцијата и бизнисите на власта.

-Ако Заев на Гаши и Алтернатива за четири пратеници, им даде три министерски места, три заменички места, 50 функционерски места од претпријатија и директорски функции во државата меѓу кои и МЕПСО во сред енергетска криза, во криза се и Македонски железници, па дури до директорско на кино во Струга, па во таа насока Заев е подготвен да отстапи се само за да продолжи да биде центар на можта во Македонија, да ја задржи власта и да задржи она што значи криминогено однесување и да има контрола врз сите процеси во земјава, рече Стоилковски.

Стоилковски вели дека Заевизмот останува, Заев останува премиер, Зоран Заев си именува лидер и свој наследник, марионетска улога, само Заев да има контрола на бизнисите и делење на колачите од коруптивното однесување на власта.

Стоилковски додава дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде коректив и ќе го обелодени се она кое власта се обидува да го протне под тепих или да поминат процеси без да се види, така беше и со најавата за инфлаторна спирала на сиромаштијата, се сеќаваме на економската спирала која беше најавена од Заев, имаше најави дека струјата ќе поскапи, дека некој води игри за енергетската состојба во земјава и тоа повторно излезе на површина резултатите ги гледаме, вели тој.

-Гледаме една ситуација за опстанок на Зоран Заев и пазарењето со министерски места,а државата е во се поголема криза, економска, енергетска, здравствена, образовна, еколошка, кој општествен сегмент и да го фатите е корумпиран, а згора на се тоа не чини животи, за три месеци 60 луѓе изгореа живи заради коруптивноста и никој не поднесе одговорност за истото, критикуваше Стоилковски.

Најнови вести