КОЛКУ ЛИ ГО ЈАДЕЛ ФЕЈЗИ?
Фејзи од Струмица верувам гадно го “изел” за видеото со пакетите поткуп во Струмица штом го тргнал веднаш од социјалните мрежи. Не од други, туку од СДСМ. Организирано од другар му, менторот, Костадин Костадинов.
Џабе, Фејзи. Џабе Манулач. Видеото е раширено како корона вирусот.
На виделина излезе организираниот поткуп и сета акција за газење по човечки лешеви само и само Заев Муртинецот да си ја спаси партиската фотеља и да се обиде да се сокрие од правдата. А со него и многуте “манулачи” во СДСМ.
Во получасовното видео на Фејзи се гледа како организирано се дели поткуп во време на смртоносна епидемија.
Инаку Љубовта на Фејзи со Коста и СДСМ не им е случајна и не е прв пат Фејзи да игра со поткупот. Ете, Фејзи е член и активен за СДСМ.
Не е ова прва негова акција за поткуп и агитација за гласови. Дури и сега тоа го прави, видливо, организирано, масовно, без заштита и претпазливост заради вирусот, мерки од неговата СДСМ. Луѓе собрани на мал простор, деца и возрасни, без маски и заштита, по список, доаѓаат по “следовање”.
Инаку Фејзи чува и пост од Костадин кој го тагирал можеби и при иста дејност пред пропаднатиот референдум. При “кумска” посета на “неговото” турско маало.
Е, мој Фејзи, ќе останеш ти со компирите што ги произведуваш во двор, додека твој Манулач ќе развозува транши. Помош де. А може и ќе лапа патни трошоци додека ми живее во Скопје, во комшии. Или пак е во викендичката му во Суви Лаки. Те поканил ли барем еднаш таму горе, на видиковецот?
Види Фејзи, мафијата во САД на времето си организираше синдикати, наводно за заштита, а со главна дејност рекет и преземање бизниси. Ако некој синдикалец “дигнел глава” и прашал што тој има од тоа, завршувал со “бетонски чизми” во море.
Е па Фејзи, тоа денеска тука странците го викаат “хибриден режим” кој што е се повидлив. Затоа што овие твоите ја користат државата само и само за себе, на твојот и грбот на тие околу тебе. Тие на кои по список им делиш пакет, а можеби и корона.
Денес ти Фејзи си го “папал” заради тоа што си објавил видео од невладиното (синдикалното) СДСМ. Си можел и без компири да останеш. И така ќе биде додека Правото и Правдата чинат пакети 50х30 см за глас.
И за Коста Манулач да збори “Чуму ти е идентитетот без пари”.
А ти Фејзи? Колку ти чини компирот?
*Фејзи е само еден од многуте излажани кои и по три години им слугуваат на окупираното СДСМ од заевиот криминален клан.
Фејсбук статус на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.