Пратеничката Дафина Стојаноска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ при заседавање на денешна седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека пратеникот Диме Велковски станал препознатлив по набројувањето и по читање на ставки. И не знае колку на јавноста овие ставки и значат.
Бројки граѓаните не сакаат. Граѓаните бараат чист воздух. И многу скоро ќе дојде денот кога граѓаните ќе излезат на улица. Не знам дали тогаш ќе им се придружите, како што министерот Филипче минатата недела им се придружи на протестот против сам себе,истакна Стојаноска.
Стојаноска додаде дека пратениците на СДСМ говорат само за некои елаборати изготвени од МАНУ. Лани на јавната расправа на која патем министерот за животна средина не ни присуствуваше, туку тука дремеше како што објавија медиумите неговиот заменик министер. Кој што се пофали со стратегија. Како по обичај функционерите на СДСМ единствено се фалат со пишано на хартија. Но не се знае кога сето тоа ќе почнат да го спроведуваат.