сабота, 4. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Не постои член во деловникот каде што пишува дека доколку имаме оставка на Влада нема одржување на пратенички прашања

Стојаноска: Не постои член во деловникот каде што пишува дека доколку имаме оставка на Влада нема одржување на пратенички прашања

Многу сум заинтересирана на кој член ќе се повика Талат Џафери за не одржување на пленарна седница за пратенички прашања. Не постои член во деловникот каде што пишува дека доколку имаме оставка на Влада нема да се оддржат пратенички прашања, истакна пратеничката и член на ИК од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во вчерашното гостување во емисијата ,,Заспиј Ако Можеш,, на Телевизија Алфа.

,,Прво и основно според уставот член 93, став 5 вели дека доколку се случи изгласување недоверба на Влада, оставка на Влада или распуштање на Собрание, Владата си ја врши својата функција се до изборот на нова Влада’’, посочи Стојаноска.

Таа додаде дека за време на 17 месеци на оваа Влада, пленарни седници по однос на пратенички прашања се одржале 7. Каде се останатите и за каков контролен механизам ние би зборувале во Собранието.

Стојаноска кажа дека пратениците не би поставувале прашања за следната Влада, туку ние би поставувале прашања за до денес што се случувало со оваа Влада.

Ние сме во црна зона каде што Владата може да прави се што сака. Да не им се дозволи на пратениците да постават прашања од народот којшто се однесуваат на оваа Влада којашто заминува е очигледно заради тоа што не успеала, заклучи Стојаноска

Најнови вести