„Според последните информации кои ги добив утрово од Собранието мислам дека ќе нема можност за да се свика седница, бидејќи нели за вторникот имавме закажано, но по смс пораки не известија дека истата е одложена. Но, моите последни информации говорат дека ќе нема можност до пред започнувањето на официјално изборната кампања да има можност за седница. За денес имаме работен ден во Собранието, закажани се комисии за образование и тоа две, број 9 и број 11. Така што и овој ден може да се искористи од страна на пратениците кое што тоа нели им е должност да го прават. Не би рекла дека се работи за бурен период во Собранието, туку јас би рекла Собранието е бурно и хаотично и минатиот мандат и овој мандат“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.
Стојаноска додаде дека хаосот во Собранието се случува поради владејачкото мнозинство.
„Навистина е хаотично да се работи и не знам дали за тоа може да се префрли вината бидејќи тие имаат тенко мнозинство, а тие треба да бидат свесни на тоа, не би требало да се извлекуваат на состојбата на пандемијата. Но, знаете кога сте во немоќ тогаш ќе барате кривец. А, најлесно им е вината да ја префрлат на опозицијата. А, на опозицијата работа и е во Парламентот да укажува на сите оние неправилности кои што планираат од власта да ги спроведат, на оној хаос кој што се воведува на комисиите кои што се предводени од нивните претседатели, така да бурно е Собранието“, рече Стојаноска.
Стојаноска посочи дека во Деловник стои во членот 5 став 2 дека Собранието користи годишен одмор односно пратениците од први до 31 август. А, во став 3 стои во тој член кој што вели дека има право претседателот да свика седници и во периодот на одмор за пратеници.
„А, тоа значи дека ако тие имаа навистина искрени намери за навистина да се воведе законот неработен ден недела, а не набрзина како што тоа им е редовна пракса во Собранието можеа да докажат и Комисија за труд и социјална политика и седница на која што ќе се помине. А, ние не го блокираме сега законот. Никој не предвидуваше дека ќе се случи онаа страшна трагедија на 8-ми септември, кога ние мораме да го искористиме присуството на министерката за труд и социјална политика која што беше завчера во Собранието, и да побараме како прва точка во таа седница да се побара да се стави на дневен ред отчетност на министерката да ни даде за оној дел од нејзината работа каде е вината или одговорноста за трагедијата во Тетово“, појасни Стојаноска.
Стојаноска укажа дека трагедијата на 8-ми септември има најголем приоритет во моментов во државата. А, ние како партија не сме против законот за недела неработен ден, но граѓаните треба да знаат дека токму тој закон има над 40-тина исклучоци на работниците кои што не би работеле во недела. Законот за недела неработен ден не ги опфаќа сите групи на граѓани.